Македонија
30. July 2015 - 11:16

Ранетото момче од Диво насеље во критична состојба

Полицијата се уште трага по убиецот од Куманово, кој го усмрти таткото и го рани братот на неговата поранешна сопруга.
 
Драмата се одвиваше во кумановската Дива Населба, која се уште е завиена во црно од неодамнешниот хорор.
 
Како што пишува Куманово Њуз, ноќта кога се случило убиството бил пронајден напуштен автомобил, за кој се претпоставува дека е на убиецот Беќир Н. од Косово. 
 
Повредениот е опериран и состојбата се уште му е критична.