Свет
26. May 2016 - 13:09

„Рајан Ер“ обвинета за прекршување на британскиот изборен закон

Нискобуџетската авионска компанија „Рајан Ер“ е обвинета денеска за прекршување на британскиот изборен закон, затоа што води „своја кампања“ за останување на Велика Британија во ЕУ:

Во соопштението на Државната изборна комисија се вели дека секој кој ќе потроши повеќе од 10 илјади фунти за кампања за престојниот референдум мора да ги регистрира парите и да го пријави своето учество..

Авионската компанија најави дека ќе потроши многу повеќе средства, а вече има залепено слогани за останување во ЕУ на еден од своите авиони, но не е регистриран за кампањата, како што тоа го бара законот.

Пријавата против „нелегалното работење“ на „Рајан Ер“ ја има поднесено групата која води кампања за Брегзит.

Оваа група ја има пријавено авинската компанија кај лондонската Метрополитен полиција, обвинувајќи ја за „нудење поткуп“ (на гласачите).

Поводот за оваа пријава е најавата на „Рајан Ер“ дека ќе ги намали цените на патничките билети за сите патници кои ќе патуваат дома, во Британија, за да гласаат на референдумот од 23 јуни.

Претставник на компанијата изјави денеска во Лондон дека е „жално“ однесувањето на водството од кампањата за Брегзит кое оценило дека треба да поднесе и пријава во полицијата.

- Многу очигледно е дека луѓето ги фатило паника и дека се во очајничка ситуација,  изјави овој претставник.

„Рајан Ер“ е приватна ирска авионска компанија која е мошне популарна во Британија, па голем број Британци ги користат нејзините услуги поради цените и бројните дестинации на кои летаат авионите од компанијата.