Македонија
28. September 2021 - 10:39

Радовишанец физички нападнат од раководител на фирма и други лица во Неготино

Радовишанец синоќа бил физички нападнат од раководител на фирма и други лица во Неготино,  информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Околу 20 часот во Полициската станица Неготино, било пријавено дека во кругот на фирма во Неготино, по кратка расправија, Н.В.(44) од Радовиш бил физички нападнат од раководителот и уште неколку лица, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.