Loading Video...
Фудбал
27. February 2021 - 16:02

Работнички и Силекс одиграа без победник 1-1

Во воведниот натпревар од 20.коло на ПМФЛ, одигран попладнево на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Работнички и Силекс одиграа без победник 1:1. 
 
Во првиот дел гостите од Кратово може имаа повеќе од играта, а пропуштија и неколку изгледни шанси да го отворат резултатот. 
 
Но, домашниот голман Јанков одлично интервенираше како во 30-тата, така и во 37-мата минута по обидот на Тантуровски. 
 
Во финишот на првиот дел спорен момент. По акцијата на гостинскиот капитен Димовски од левата страна, неговиот обид да уфрли во шеснаесетникот топката со рака ја закажи Грозданоски, и ја отстрани опасноста, а иако гостите бараа најстрога казна сепак  судијата Грујоски во соработка со својот помошник реши да не покаже на белата точка. 
Пропуштеното во првиот беше казнето во второто полувреме, па по само шест минути игра во вториот дел Хрватот, Никола Прелчец му донесе водство на Работнички од 1:0
 
 Сепак Кратовци не се предадоа, па во 80-минута по брзо изведениот аут, и уфрлувањето во шеснаесетникот на домаќините најдобро се снајде Иван Галевски и го израмни резултатот на 1:1.
 
Останатите средби на програмата се утре во терминот од 14 часот.
 
ШКЕНДИЈА -  ВАРДАР
ПЕЛИСТЕР -  РЕНОВА
БЕЛАСИЦА -  СТРУГА ТЛ
МАКЕДОНИЈА ЃП -  БОРЕЦ
ШКУПИ -  АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ