Свет
7. October 2015 - 11:27

Путин се налутил: Донесете ми го халифот на ИСИЛ - Жив или мртов

Арапските медиуми пишуваат дека Путин побарал командантите на ИСИС да му бидат донесени, и дека не е важно дали живи или мртви. Доколку успеат да ги донесат живи, ќе им се суди во Русија. Во случај Абу Бакр Ал-Багдади или некој друг од челниците на терористичката група да починат во акција, Путин го бара неговото тело како доказ дека тој терорист е навистина мртов.

На руските генерали задолжени за воената операција во Сирија им е наредено што порано да започнат со голема потрага за важните членови на Исламска држава. На листата на „најбараните“ се најде и калифот Абу Бакр ал-Багдади, за кого се претпоставува дека се крие во градот Раку.

Причината поради која Путин сака со свои очи да ги види лидерите на ИСИС, или нивните тела, е за да не се случи истата ситуација како со Бин Ладен, чија смрт според Путин сé уште е мистерија.

Официјалниот портпарол на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, рекол дека руските воздухопловни сили ќе напаѓаат директно на упориштата на терористичката организација и нивниот гравен град Раку, истакнувајќи дека приоритет на руските сили е уништувањето и освојувањето на нивните бази.

Конашенков напоменал и дека не се исклучени можностите за десанти на тој град, поради ликвидација на терористите.

Во меѓувреме, додека руските авиони продолжуваат со жестоките воздушни удари, сириската војска потпомогната од Хезболах покрена копнена офанзива на градовите Талбис и Растан, во провинцијата Хомс. Исто така, го продолжија напредокот кон древниот град Палмира.