Свет
22. March 2017 - 22:47

Путин: Русија е втора во светот по извоз на оружје

Русија минатата година извезла оружје во вредност од над 15 милијарди долари. Таа цврсто го држи второто место во светот по извоз на воена опрема, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. 

- Врз основа на минатогодишните резултати, Русија самоуверено го задржа второто место во светот по обем на извоз на воена опрема, што минатата година надмина 15 милијарди долари, нагласи Путин на седницата на руската Комисија за воена и техничка соработка со странски партнери. 

- Вредноста на извозот на руското оружје во 2015 година изнесуваше 14,5 милијарди долари, додаде Путин, јави ТАСС.