Loading Video...
Свет
8. December 2022 - 12:27

Путин: Ризикот од употреба на нуклеарно оружје расте, но Русија нема да го употреби прва

Ризикот од нуклеарна војна постои, но Русија не е луда и не би упиотребила прва нуклеарно оружје, посочи рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање на годишниот состанок на рускиот Совет за човекови права. Тој најави дека војната во Украина ќе трае подолго и дека со анексиите на четирите области во Украина, Азовското Море станало внатрешно море на Русија.

- Ризикот од употреба на нуклеарно оружје расте. Би било погрешно да се крие тоа. Сепак, Русија во ниедни околности не би употребила такво оружје прва и нема никому да му се заканува со својот нуклеарен арсенал. Не сме полуделе, свесни сме што значи нуклеарно оружје, посочи Путин.

Тој нагласи дека Русија ги поседува најмодерните и најнапредни оружја на светот и за разлика од САД никогаш не распореди такво оружје во друга држава. Најави и дека по примерот на западните земји и Русија треба да размислува за формирање на специјално тело кое ќе ги евидентира и истражува злосторствата на украинската армија особено нападите врз станбените области.