Путин: Не полудевме, свесни сме што е нуклеарно оружје
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека ризикот од нуклеарна војна се зголемува, но додава дека Русија „не полудела“ и дека нема да биде прва што ќе употреби нуклеарно оружје.
Русија ќе прибегне кон оружје за масовно уништување само ако биде принудена да одговори на напад, рече Путин.
Војната во Украина може да биде „долгорочен процес“, рече Путин на годишниот состанок на Рускиот совет за човекови права.
Западните власти веруваат дека Путин првично очекувал брза победа во Украина.
Можноста Москва да користи нуклеарно оружје се повеќе се доведува во прашање од почетокот на руската инвазија во февруари.
„Заканата (од нуклеарна војна) расте, би било погрешно да се сокрие“, предупреди Путин во говорот со видео-врска од Москва.
Сепак, тој истакна дека Русија „под никакви околности“ нема да го употреби прва ова оружје и дека никому нема да се заканува со својот нуклеарен арсенал.
„Не полудевме, свесни сме што е нуклеарно оружје. Ние нема да мавтаме со ова оружје низ светот како да е жилет“, тврди рускиот претседател.
Тој додаде дека Русија го има најмодерното и најнапредното нуклеарно оружје на планетата и ја истакна разликата меѓу стратегијата на неговата земја и онаа што ја спроведува Америка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација