Путин: Конструктивни и отворени беа разговорите со Бајден
Конструктивни и отворени разговори е оценката на Путин по средба со Бајден. Во обраќањето пред новинарите рускиот претсдеател истакна дека двете страни покажале желба за меѓусебно разбирање. Објави дека САД и Русија се договориле да ги вратат протераните дипломати, заеднички да работат на сајбер безбедноста и нуклеарната стабилност.
-Се договривме дипломатите на нашите змеји да се вратат на своите места. Датумот се уште не е утврден. Состанокот беше конструктивен. Многу се прашањата за кои нашите ставови се разликуваат но двете страни покажаа желба да се разберат мегусебно и да ја пронајдат начин за ги приближат ставовите, истакна претседателот на Русија Владимир Путин.
Се договориле и заеднички да соработуваат на Арктикот, малку време се посветило на Украина а за уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални ккао што рече Путин одвај и да станало збор. Според рускиот претседател ќе треба време да се подобрат односите САД- Русија, за кои двете страни сметаат дека се најниско ниво. Се очекува и американскит претседател да одржи прес-конфренеција и да даде свое видување за самитот.
Ова беше прва средба помеѓу Путин и Бајден како претседатели. Се ракуваа, направија заедничка фотографија, разговараа околу 4 часа но избегнаа заедничка прес конфренција. Се сретнаа во вилата Ла Гранж ви Женева, градот со долга историја на разни самити.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар