Loading Video...
Свет
5. October 2022 - 16:36

Путин ги потпиша законите за анексија на украинските територии

Рускиот претседател ги потпиша законите за припојување на четирите уркаински региони  кон Русија, што претставува финална фаза од анексијата и назначи нивни лидери. 

Потегот на Путин,  Украина и Западот го осудија како незаконски. Доњецк и Луганск се дел од Русија во границите од 2014 година, а  гранциите на Херсон и Запорожје сеуште не се прецизирани соопшти портпаролот на  Путин. 

Москва не контролира целосно ниту еден од анектираните Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, додека  украинската војска тврди дека продолжува да напредува и да враќа под контрола села и градови во тие региони.  

Соединетите држави најавија нова воена помошт за Украина а Москва предупреди дека одлуката на Вашингтон го зголемува ризикот од можен директен судир САД-Русија. ЕУ  пак се согласи да воведе ограничување на цената на нафтата за Русија како дел од осмиот пакет санкции, но конечните детали од одлуката, дизајнирана да влијае на приходите на Москва од продажбата на енергија, допрва треба да бидат објавени. Новиот пакет мерки предвидува ограничувања на руската челична индустрија и им забранува на граѓаните на ЕУ да имаат високи позиции во државните руски компании. Новите санкции на ЕУ против Русија предвидуваат забрана за транспорт на руска нафта по морски пат до трети земји по цена над утврдената граница

Нобеловата награда за хемија за 2022 година им е доделена на Данецот Мортен Мелдал, Американската Каролин Бертоци и на нејзиниот сонародник Бари Шарплес „за развојот на клик-хемијата и биоортогоналната хемија“.Тие постигнаа револуција  во поврзувањето молекули соопшти шведската Кралска академија.

Војската на Јужна Кореја се извини што предизвика загриженост во јавноста со неуспешното лансирање на ракета за време на заедничка вежба со САД вчера попладне. Балистичката ракета „Хјунму-2“  набрзо по лансирањето  се урнала на севериростиоко  на Јужна Кореја без да експлодира и никој да не биде повреден. Јужна Кореја и Соединетите држави лансираа четири ракети земја-земја кон Јапонското Море како одговор на лансирањето на балиситчка ракета од Северна Кореја над Јапонија во понеделникот  соопшти  јужнокорејската војска.