Loading Video...
Фудбал
13. August 2020 - 12:29

ПСЖ прв полуфиналист во Лигата на шампионите

 
ПСЖ е првиот тим кој обезбеди место во првиот во полуфиналето на Лига на шампиони. 
 
Популарните „светци“ во четвтфиналниот меч одигран на стадионот „Луж“ во Лисабон, со неверојатен пресврт во самиот финиш на мечот, ја победија италијанската Аталанта со 2-1. 
 
Иако тимот од Бергамо беше на чекор до полуфиналето, односно по голот на Хрватот, Марио Пашалиќ во 27.минута имаше водство се до 90-тата минута, сепак сино-црните не успеаја да издржат. 
 
За неполни две минути парижаните постигнаа два гола. Најнапред Бразилецот, Маркињос го израмни резултатот на 1-1 со голот во 90-тата, а во 92-та минута Камерунецот, Чопо-Мотинг го постигна вториот гол за комплетен резултатски пресврт и пласман на ПСЖ во полуфиналето 
 
Таму францускиот тим, ќе го очекува победникот од вечерашниот втор четвртфинален меч во кој ќе играат Лајпциг и Атлетико Мадрид.