Loading Video...
Ракомет
25. October 2020 - 15:39

Први победи во Супер лигата за Голден Арт КЛ7 и Работички

Во машката ракометна Супер лига денеска се одиграа два натпревари. До своите први суперлигашки победи стигнаа екипите на Голден Арт КЛ7 и Работнички. 
 
Младиот состав на „КЛ7“ првата во натпревар од А групата што се играше во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада составот на Јуниор Кисела Вода со 30-18. , па сега во А групата во која лидер е Струга нема екипа без победа. 
А, токму Стружани попладнево го играат дербито против соседскиот ривал тимот на Охрид кој како и Пролет имаат по две победи во исто толку средби досега. 
 
Во групата Б, исто така веќе нема тим без победа, а ова откако попладнево Работнички со 35-32 славеше над Младост Богданци. Во оваа група вечерва се игра и дуелот во Прилеп каде истоимената домашна екипа го пречекува лидерот на табелата Бутел Скопје кој досега е перфектен со четири победи во исто толку одиграни натпревари.