Прва тужба поради родова дискриминација во спортот во земјава
Пред Основниот граѓански суд Скопје денеска треба да се одржи прво рочиште по тужбата против Боречката федерација по основ на „забрана на дискриминација врз основа на род и пол“.
Според тужителите – полицискиот боречки клуб „Безбедност“ и полицискиот клуб за боречки спортови „7 Мај-Тигар“ од Скопје, Боречката федерација на Република Северна Македонија, во повеќе наврати и во подолг временски период флагрантно го крши Уставот на Републиката, Законот за заштита од дискриминација и Законот за еднакви можности на жените и мажите, бидејќи врши директна дискриминација врз основа на пол и род.
– Жртва на дискриминаторските дејствија со кои нееднакво се постапува, се женските борачки. Женските членови на боречките клубови се дискриминирани на повеќе начини, првично нивните активности не се во целост регулирани со подзаконски акти на ниво на Федерацијата, во одредени категории не се формирани женски репрезентации, по завршување на натпреварите, на машките учесници им се доделуваат медаљи и сертификати, додека пак на женските учеснички само сертфикати, наведуваат тужителите.
Од таа причина двата боречки клуба, преку Македонското здружение на млади правници поднесоа претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, која постапи по истата и донесе Општа Препорака бр. 0801-152/3 од ден 21.06.2019 година, со која што се потврди постоењето на дискриминаторските дејствија извршени од страна на Федерацијата.
– Согласно, законските одредби од областа на заштите од дискриминација, жените и мажите треба да имаат еднакво учество во сите области на јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварување на сите пpава и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултати од произлезени од тој развој. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во конкретнито случај има основ за дискриминација во областа на родовите права, тврдат тужителите.
Ново на Сител
-
Претрес во Велес, пронајден еден килограм чист кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
-
Лишен од слобода скопјанец во Карпош, пронајдена дрога
-
Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд
-
Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби
-
ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти
-
Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово