Спорт плус
15. December 2019 - 15:26

Прва слаломска победа на Пинтуро по шест години

На радост на домашната публика, во францускиот ски-центар Вал Дизер, Алекс Пинтуро победи на денешната слаломска трка. 
 
28-годишниот Французин, по двете трки имаше вкупно време од 1:47.91 повеќе од доволно да стигне до својот прв триумф во слалом по речиси шест години пауза. 
 
Место на пиедесталот обезбедија Швеѓанецот, Андре Мајхнер и Стефано Гросо од Италија.
 
Со денешната победа и вкупно 264 бодови, Пинтуро го презеде водечкото место во севкупниот Генерален пласман од Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен кој денеска заврши на четвртото место.