Loading Video...
Ф1
2. July 2022 - 19:06
Прва пол-позиција за Карлос Сајнц во кариерата
Карлопс Саинц ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Велика Британија.
Возачот на Ферари оствари најбрзо време во денешните квалификации на патеката Силверстон и стигна до својата прва пол-позиција во кариерата.
Зад него трката ќе ја почне актуелниот светски првак Макс Верстапен од Ред Бул.
И во вториот стартен ред ќе бидат болидите на Ферари и Ред Бул и тоа Леклер пред Перез, додека во третиот ред трката ќе ја стартуваат Британците, Хамилтон и Норис од Мерцедес и Мекларен
Во пресрет на утрешната 10-та трка сезонава лидер во генералниот поредок е Верстапен со 175 бодови, неговиот тимски колега Перез има 129, додека Леклер е трет со два бода помалку од Мексиканецот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->