Loading Video...
Тенис
12. November 2019 - 16:35

Прва победа на Федерер на завршниот АТП Мастерс во Лондон

 
 
На завршниот турнир од годи9нашното издание на Мастерс серијата, чии натпревари се играат во „О2“ арената во Лондон, денеска на програмата дуелите од втората рунда во А групата. 
 
 
Во првиот меч, Швајцарецот, Роџер Федерер го победи Италијанецот, Матеао Беретини. 
 
По поразот во првото коло од Австриецот, Тием, денеска Федерер не дозволи ново изненадување, па за само 1 час и 20 минути игра во двата сета со 7-6 и 6-3 го победи Беретини. 
 
Во вториот меч кој на програмата е од 21 часот ќе играат Србинот, Новак Ѓоковиќ и Доминик Тием.