Loading Video...
Спорт плус
17. July 2021 - 16:58

Прв случај на Ковид-19 во Олимпиското село во Токио

Шест дена пред официланиот старт на ЛИО во Токио, јапонските власти се судруваат со огромен проблем, пред се предизвикана од Ковид пандемијата 
 
Во Олимпиското село во Токио каде на 23 јули официјално треба да започнат ЛОИ откриен е прв случај заразен со коронавирус.
 
Ова го изјави извршниот директор на организацискиот комитет на Олимпијадата 2020, Тоширо Муто. Еден од членовите на странска делегација доби позитивен тест, но националноста и другите лични податоци не беа обелоденети. Според „NHK“, заразеното лице не било спортист.
 
Инаку бројот на заразени од Корона вирусот во Јапонија ви изминаттата седмица е најголем во последните шест месеци. 
 
Тоја ја загрижува и нацијата домаќин на Олимпијадата па се почесто се и протестите иако во мал број на луѓе. Таков беше и денешниот кога педесетина демонстранти маршираа низ Токио, и тоа во близина на локацијата каде што се одржуваше Извршниот одбор Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК).
 
Демонстрантите имале намера да достави петиција  до првиот човек на светскиот олимпизам, Томас Бах, повикувајќи на откажување на игрите . 
 
Претседателот на ИОК, Бах, на ваквото барање кратко одговори - „Дури и во Јапонија никогаш немаше стопроцентна поддршка на Олимписките игри или кој било друг настан. Ова е дел од демократијата, секогаш ќе имате различни мислења и дека таквата дискусија станува сè пожешка и поемотивна во ситуација на пандемија, е нешто мора да разбереме “.
 
Олимпијадата во Токио треба свечено да биде отворена на 23 јули, а ќе трае се до  8 август.