Loading Video...
Тенис
3. July 2020 - 11:45

Прв пораз на Ѓорческа на турнирот во Белград

Прв пораз на Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на турнирот во Белград.
 
Најдобро рангирана македонска тенисерка Лина Ѓорческа го претрпе првиот пораз на Источноевропскиот турнир што се одржува во Белград, Србија
 
Во мечот од 4.коло на Ц групата Ѓорческа играше Бугарката, Викторија Томова, а двете тенисерки во него влегоа без загубен сет на изминатите три дуели. 
 
Овојпат нашата тенисерка беше онаа која не освои ниту еден сет, односно го загуби мечот со 6:3 во втиот и 6:2 во вториот сет. 
 
И покрај овој пораз нашата тенисерка го освои второто место во групата со што се избори за пласман во нокаут фазата.