Балкан
11. March 2018 - 16:25

Протести во Солун за оставка на Бутарис

Граѓаните на Солун денеска протестираа пред  канцеларијата на градоначалникот Бутарис, барајки негова оставка.

Причина за нивниот револт се изјавите на Бутарис дека треба да се размислува за промена на имињата на аеродромот и автобуската станица во Солун , кои го носат името Македонија. Демонстрантите со грчки знамења извикуваа Македонија е Грчка и оставка за Бутарис. 

Протестите ги организираше  поранешиот заменик градоначалник на Солун Кристос Анастасиу, истакнат член на Нова демократија. Тој  најави  дека утре ке поднесе резолуција  во градскиот совет со  која и официјално ке  се побара  оставка од Бутарис.

-Знаеме дека централната власт води преговори со името, но вие градоначалнику го надминавте нашето трпение. Бараме од општинските советници да го кренат својот глас против вас и да не молчат повеке,  истакна еден од говорниците.

Иако собирот  беше најавуван со денови , одзивот беше многу помал од очекуваното. Пред еден месец Бутарис се осмели јавно да се запраша дали би требало и Грците да го сменат името на солунскиот аеродром, но во истиот момент беше нападнат со канонада на омраза и барања за негова оставка.

Според него доколку би дошло преиминување, аердромот би можел да го носи името на  грчкиот кошаркар Никос Галис, кој е е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните.