Loading Video...
Свет
17. November 2019 - 16:59

Протести во Хонг Конг, полицаец погоден со стрела во нога

Полицаец од Хонгконг бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале околу универзитетски кампус – места кои последниве недели важат за јадро на антивладините протести.

На фотографиите, објавени на фејсбук страницата на полицијата, се гледа дека стрелата се забила во долниот дел од ногата на полицаецот, а соопштено е дека тој бил пренесен во болница.

Протестите почнаа во јуни, откако Владата го донесе сега веќе суспендираниот Закон, кој овозможува осомничените да бидат екстрадирани во Кина за судење.