Македонија
22. October 2019 - 16:38

Протест поради катастрофалните услови на Институтот по хемија

Врвни хемичари некогаш презентирале научни трудови, а денес немаат основни услови на работа. Ова е причината поради која, студентите и вработените од Институтот  за хемија при Природно Мактематичкиот факултет излегоа на протест.

Од власта побараа три клучни работи: Вработување на млади стручни соработници, пари за нова опрема и  реновирање на објектот како и финансиска поддршка за научно истражувачки проекти.

Овие проблеми дирекно влијаат и врз студентите. Тие, бараат и доделување на повеќе стипендии во земјава, бидејќи не сите имаат можност да си го платат студирањето

Министерот за образование вели дека дал зелено светло Институтот да добие млад стручен кадар, останува уште позитивно на барањето да одговореле и од Министерството за финансии.

И додека стручниот кадар од година во година се намалува, расте бројот на студентите. Секоја година, во просек се запишуваат 50 нови бруцоши.

Околу 300 студенти има на сите три циклуси на студии. Од институтот велат дека ваквиот интерес се должи на тоа дека хемичарите биле барани на пазарот на трудот.