Живот
7. December 2019 - 11:10

Просечната плата во Чешка е 1.160 евра

Во третиот квартал од оваа година просечната бруто месечна плата во Чешка се зголеми за 6,9 проценти во однос на истиот период лани.
 
Просечната нето плата во Чешка во моментов е 29.549 чешки круни (1.160 евра), соопшти Чешката агенција за статистика. Просечната плата за мажи била 31.909 круни (1.249 евра) и за жени 26.887 круни (1.052 евра).
 
Околу 80 проценти од чешките вработени во моментот добиваат плати од 15.680 круни (613 евра) до 52.531 круни (2.056 евра).
 
Статистиката покажа дека бројот на вработените во земјата се зголемил за 0,1 процент, додека потрошувачките цени се зголемиле за 2,8 проценти.
 
Чешката Република има најниска стапка на невработеност во Европската унија веќе неколку години.