Македонија
22. October 2016 - 12:42

Пронајден мртов маж во Скопје - Телото е предадено на обдукција

 
Во 04 часот и 27 минути утринава било пријавено дека било пронајдено починато лице на улица.  М.С. пријавил дека на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, односно позади сендвичара на наведената улица, во тревникот лежело непознато лице кое можно е да е починато. Од страна на екипа од Итна медицинска помош во 05 часот констатирана е смрт кај  64-годишниот М.Т. од Скопје.
 
Од извршениот увид првично не се забележани траги на насилство.
 
Телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител е предадено на обдукција.