Македонија
19. September 2020 - 8:29

Променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер

Времето во земјава ќе биде Променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне. Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Најсвежо наутро ќе биде во понеделник и вторник. Преку денот повремено ќе има умерена облачност, а дневната температура на југоистокот ќе достигнува 30 степени.