Loading Video...
Свет
28. September 2020 - 12:30

Продолжуваат пресметките во регионот Нагорно Карабах

Продолжуваат жестоките борби меѓу ерменските и азербејџанските воени сили на територијата на Нагорно Карабах откако и двете земји прогласија воена состојба. 

Утрово Министерството за одбрана на Еременија информираше дека досега во борбите загинале 16 ерменски војници и 32 цивили. Ерменците информираа и дека околу 200 азербејџански војници биле убиени, а околу  30 единици воена опрема и околу 20 дронови се уништени. Од Азербејџанската страна се уште нема официјална потврда за ваквите бројки. Единствено што до сега соопштија е дека причина за воениот конфликт е тоа што при гранантирањето Ерменците убиле 5 члена од исто семејство. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика и двете страни итно да прекинат со огнот и да се вратат на преговорите. Моментален прекин на борбите бараат и од Брисел, Вашингтон и Москва.  Турција пак најави поддршка за Азербејџан, а Грција изразила подготвеност за помош Ерменија.

Околу 100.000 демонстранти во 10 градови во Белорусија вчера повторно побараа оставка од долгогодишниот претседател Александар Лукашенко. МВР на Белорусија соопшти дека ширум земјата биле уапсени околу 200 демонстранти. Одново активирање на демонстрантите предизвика инаугурацијата на Лукашенко со која беше потврден неговиот шести мандат како шеф на државата. Западните земји ги критикуваа изборите во Белорусија и ги осудија судирите со демонстрантите додека ЕУ и САД за воведување санкции кон белоруските власти. Лукашенко пак не се повлекува од одлуката, а за нападите на неговиот француски колега Макрон којшто побара претседателот на Белорусија да се повлече од функцијата Лукашенко му одговори дека и тој требало да го направи истото кога жолтите елеци почнаа да излегуваат на улиците на Париз. 

Американскиот претседател Доналд Трамп во последните 10 години не плаќал данок на доход тврди „Њујорк тајмс“. Весникот тврди дека Трамп во 2016 година кога бил избран во Белата куќа, како и 2017 година, во првата година од својот мандат Трамп платил по само 750 данок на доход. Трамп овие вести ги нарече лажни.