Loading Video...
Кошарка
2. November 2022 - 9:45

Продолжува кризата во Голден Стејт и Бруклин

Шампионот Голден Стејт е далеку од посакуваната форма. „Воините“ и по трет пат во низа се поразени. Овој пат на гостувањето кај Мајами со 116-109. Иако Стеф Кари средбата ја заврши со трип-дабл со 23 поени и по 13 скокови и асистенции, сепак тоа не беше доволно Голден Стејт да го избегне петтиот пораз во осмиот натпревар сезонава. 
 
Ниту Бруклин кој во своите редови има неколку ѕвезди, никако да врзе две победи. Откако ден претходно ја победија Индијана, популарните „мрежички“ ноќеска претрпеа нов пораз. Бруклин беше совладан пред своите симпатизери од Чикаго со 
108-99, за шести пораз во осумте одиграни натпревари. 
 
Затоа пак тимот на Феникс „Санс“ стигна до шестиот триумф. „Сонцата“ на домашен терен ја победија Минесота со 116-107 и останаа на првата позиција на табелата во Западната конференција во која се единствениот тим со шест победи. 
 
Во последниот натпревар Оклахома го совлада Орландо со 116-108, нанесувајќи им го на „Меџикси“ дури седмиот пораз во осумте одиграни натпревари.