Loading Video...
Фудбал
6. April 2020 - 13:12

Продолжиние на европските купови - Комбинации многу, но никој не се осудува да „прогнизира“ кога !?

Јасно е дека во скоро време фудбал на европските терени нема да се игра, а дали воопшто ќе продолжи сезоната и во кој формат, тоа во моментот никој неможе да го потврди. Затоа во Европската фудбалска федерација (УЕФА), разгледуваат повеќе варијанти, околу завршувањето на сезоната 2019-2020 во европските купови. 
 
Секако тоа ќе зависи не само од крајот на пандемијата туку и од можноста како и на кој начин би се доиграле домашните првенства прет се во земјите од „големата петорка“ (Шпанија, Англија, Германија, Италијаи Франција). 
 
Натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа застанаа на половина пат во осминафиналната рунда. 
 
Доколку постои и најмала можност, а засега тоа е неверојатно, сезоната би се одиграле според предвиденото, под посебен безбедносен протокол и без публика. 
 
Друга варијанта е да биде организиран завршен турнир на осумте најдобри, разбирливо по одигрувањето на реванш осминафиналните дуели и тоа во еден град кој е најбезбеден за сите, а притоа тоа да биде неутрален терен во однос на учесниците.
 
И варијантата за евентуален „фајнлфор“ е прифатлива, но откако би се  доиграле осминафиналната и четвртфиналната рунда, па четирите најдобри да се најдат заедно на едно место во завршницата.
 
Опција е и завршен турнир на осумте најдобри, по заокружувањето на  осминафиналто, на „неутрален“ терен да се играат четвртфиналињата и полуфиналињата и финалето по кое ќе се добие новиот европски првак, имајќи во предвиде дека ланскиот Ливерпул беше елиминиран во осминафиналето од Атлетико Мадрид. 
 
Но, тоа се замо размислувања и планови, во кои никој засега не се осудува да прогнозира точна дата за рестатирање на сезоната, ниту пак место каде би се одиграле евентуалните завршници, иако Истнабул Гдањск беа предвидени како домаќин на финалните дуели во Лигата на шампионите односно Лига Европа