Македонија
14. December 2019 - 11:20

Приведени четворица тетовчани фатени со марихуана

Вчера околу 14.30 часот полициски службеници на СВР Тетово на улица „Вонвардарска “ во Тетово ги лишиле од слобода Ш.И.(31),Ј.Е.(31), С.Н.(25) од Тетово и Б.А.(24) од тетовско Седларево, затоа што при нивен и преглед на возилото „рено“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово и против нив ќе следува содоветен поднесок.