Приведени активисти на протестот за почист воздух, тврдат дека биле вознемирувани и заплашувани
Попладнево пред министерството за животна средина биле приведени дел од активистите кои учествувале во герила акција на протестот за почист возух кој движењето Fridays For Future Skopje ги организира секој петок.
На видеото кое го регистрирала екипа на радио МОФ е снимено и приведувањето на активистите.
На својот ФБ профил од организацијата пред малку објавија дека нивните членови биле вознемирувани и заплашувани.
- Нашата акција имаше цел да ја крене свеста за загадувањето и климатските промени не само кај јавноста туку и внатре во институцијата за животна средина. Наместо тоа се соочивме со нечовечки пристап кој само ја потврдува вистинитоста на пораката што сакавме да ја пренесеме. Поради една безопасна герила акција која укажуваше на индолентноста на властите околу проблемот со животната средина, нашите активисти беа предмет на вознемирување, заплашување и испрашување како да извршиле терористички, а не симболичен акт во интерес на општото добро, велат од движењето.
На барање на активистите биле повикани претставници на Хелсиншкиот комитет кои им понудиле помош во оставурање на правата.
- Еколошкото движење во Македонија со години наназад протестира, а последнава година протестите се најмасовни до сега. Сепак, власта нема слух за нас, чијашто мисија е еколошка правда во Македонија. Затоа и се одлучивме на ваков чекор кој безбедносните структури непотребно го ескалираа, велат од Fridays For Future Skopje.
Иако побаравме од МВР засега нема информации за случајот.
Ова движење кое оддржува протести секој петок е дел од масовната акција на која се приклучија милиони млади ширум светот, а го започна светски познатата активистка Грета Тунберг.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација