Македонија
4. August 2020 - 15:59

Приведена Македонка кој помагала во терористичката организација ИСИС

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“, а во врска со кривично дело „учество во странскавојска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Пријавената, во два наврата ја напуштила територијата на Република Северна Македонија и со умисла заминала за Сирија, каде земала учество во активностите на терористичката организација „Исламска држава“ (ИСИС). На 10.03.2020 на Меѓународен аеродром Скопје пријавената е депортирана со лет од Истанбул во Скопје.