Македонија
1. October 2020 - 12:36

Приведен разбојник кој се обидел да ограби аптека во Скопје

На бул.„В.С.Бато“ во Скопје вчера во 01.35 часот пред аптека  бил приведен А.В. (22) од Кавадарци, кој се обидел да изврши тешка кражба во аптеката.

Од МВР денеска соопштија дека лицето е задржано во полициска станица и известен е јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.