Македонија
28. јуни 2016 - 20:52

Прилеп, достојно одбележа 95-години од погибијата на големиот револуционер Ѓорче Петров

Херојски Прилеп, денеска, на денот на погибијата на големиот македонски идеолог и револуционерен поборник за независна и целовита македонска држава, прилепчанецот Ѓорче Петров, достојно му се оддолжи на својот сограѓанин, полагајќи венци и свежо цвеќе на спомен-плочата од неговата родна куќа во населбата Варош, како и пред споменикот, лоциран во најстрогиот центар од градот. По повод 95-годишнината од неговото загинување, пред двете спомен-обележја, присутните се потсетија на неговите огормни заслуги во креирањето на ова што е наша биднина.
                         
Инаку, Ѓорче Петров, кој е роден во Прилеп, а загинал во Софија, е еден од најмаркантните револуционерни личности во македонската историја. Заради своите слободарски идеи и делувањето во рамките на организацијата на ВМРО, тој стана и симбол на братоубиствената политика, кога во 1921 година бил убиен од страна на врховистите.