Македонија
19. February 2020 - 8:30

Презентација на нова механизација за чистење на Општина Карпош

Новата механизација за чистење на Општина Карпош, која вклучува две цистерни за миење улици, камионче за подигнување отпад – кипер, рачен вшмукувач за лисја и ситен отпад и опрема за чистење снег, ќе биде презентирана денеска на паркинг-просторот пред Аквапаркот, односно во кругот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На презентацијата на механизацијата, како што е најавено, ќе присуствува градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.