Loading Video...
Свет
25. September 2019 - 19:44

Претставничкиот дом на Конгресот на САД почна официјална истрага за отповикување на Трамп

Претставничкиот дом на Конгресот на САД почна официјална истрага за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Истрагата се фокусира на тоа дали Трамп ги злоупотребил своите претседателски овластувања и побарал помош од странски лидер  за неговиот реизбор.

Објавувам дека Претставничкиот дом  почнува официјална истрага за импичмент. Им дадов насоки на шесте комитети да продолжат со своите истраги под чадорот на истрагата за импичмент. Претседателот мора да одговара, никој не е над законот,истакна Ненси Пелоси,претседател на Претсавничкиот дом на Конгресот. 

Потегот на демократите  уследи откако   „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ објавија дека Трамп наредил да се одложи воена помош за Украина од 391 милион наводно да го притисне  неговиот украински колега  Зеленски да се обнови истрагата  за корпуција  против Џо Бајден и негоивот син Хантер за случајот Бурисма. Џо Бајден е  водечки кандидат на демократите  во трката за Белата куќа идната  година.  

Истрагата Трамп ја нарече уште еден лов на вештерки.

Ова е смешно, ова е лов на вештерки. Јас водам на анкетите, а тие немаат идеја како да ме сопрат. Единствен начин да го направат тоа е преку импичмент, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

За случајот  се огласи и Зеленски . Трамп не изврши  притисок  врз мене, тоа  го може само мојот син рече украинскиот претседател.