Претседателот на Бугарија одбива да ја потпише декларацијата за членство на Украина во НАТО
Претседателот на Бугарија Румен Радев одби да го потпише целиот текст на декларацијата на деветте источноевропски земји поради член со кој се поддржува влезот на Украина во НАТО, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.
Документот беше потпишан на 2 октомври од претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Словачка и Полска. „Румен Радев не се согласува со целиот текст на декларацијата што ја усвоија некои источноевропски земји на тема членство на Украина во НАТО.
Претседателот поддржува други позиции кои се наоѓаат во документот“, се вели во соопштението јави вчера БТА. Иако Бугарија на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година потпиша декларација за идното членство на Украина, тоа се случуваше во сосема поинаква безбедносна ситуација.
Радев смета дека одлуката за членство на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако Русија и Украина како страни во конфликтот ќе елаборираат, прифатат и спроведат јасни параметри за мирно решение. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина поднесува барање за забрзано членство во НАТО.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација