Loading Video...
Фудбал
16. July 2021 - 18:39

Преполовен бројот на македонски пртеставници на европската фудбалска сцена

Два од четирите македонскиот претставници на европската фудбалска сцена го завршија својот настап уште по натпреварите од првото квалификациско коло. 

 
Екипите на Силекс и Струга Трим Лум се елиминирани во првото коло од квалификациите за новоформираната Конференциска лига во која својот настап ќе го продолжат Шкупи и Шкeндија. 
 
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, кратовски Силекс несреќно го заврши својот настап. Имено Кратовци по нерешените 1:1 против Петроклуб во првиот меч одигран во Скопје, во реваншот во Молдавија загубија минимално со 1:0 и тоа со гол примен во петата минута од судиското дополнение. 
 
Дебитантот Струга ТЛ, исто така имаше 1:1 по првиот меч со Лиепаја одигран во Летонија, но во реваншот во Скопје, Стружани загубија со убедливи 4:1. 
 
Единствено составот на Шкупи првата рунда ја мина без пораз. По скопската победа со 2:0, тимот на Шкупи на гостувањето кај Лапи во Приштина одигра 1:1, па со вкупен резултат 3:1 се пласира во втората рунда во која за противник ќе ја има екипата на Санта Клара од Португалија. 
 
Во 2-то квалификациско коло на Конференциската лига ќе ига и актуелниот македонски првак Шкендија која доживеа дебакл во квалификациите за Лигата на шампионите од словенечкиот претставник Мура.
 
Тетовци сега одат на мегдан на летонската Рига во дуелите од 2.коло кои ќе се играат на 22 јуни, додека реваншот е на 29 јули .