Македонија
10. December 2019 - 12:34

Преку проектот „Да бидеме хумани“ новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства

Новогодишни пакетчиња ќе добијат деца од социјално загрозени семејства. Средствата за пакетчињата ќе бидат обезбедени преку донација во рамки на проектот „Да бидеме хумани“.

Секој кој сака може да донира по 100 денари на телефонот 070/143-100 или преку жиро сметка на Здружението „Љубезност“, на сметката на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака „Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца“.