Спорт плус
8. јуни 2020 - 19:08

Прекин и во одбојкарското првенство

Уште две федерации одлучија да стават крај на шампионатите поради пандемијата.  Прекинати се првенствата во одбојка и првенството во куглање откако претходно прогласија прекин на шампионатите ракометната, кошаркарската и фудбалската федерација. 
Одбојкарската федерација на Македонија најавуваше доигрување на првенството со плеј оф и скратен систем но по неколкуте електронски седници е констатирано дека услови за продолжување на сезоната во услови на ширење на пандемијата нема па ги прекина првенствата во машка и женска конкуренција без прогласување шампион. 
За сите клубови кои сакаат да се натпреваруваат во европските купови ќе важи пласманот во моментот на прекин на порвенствата. Што се однесува до екипите кои ќе се пријават  за учество во повисок ранг на натпреварување  конечната одлука ќе ја донесе Извршниот одбор на федерацијата по поднесувањето на пријавите.  Одлуките се донесени по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од коронавирусот се вели во соопштението на ОФМ. 
И Кугларската федерација на Македонија предреме го прекина првенството и тоа со едногласна одлука на Извршниот одбор. Бидејќи до крајот има само едно коло пласманот на табелата ќе биде конечен што значи дека титулата ја одбрани шампионот Макпетрол пред ГТЦ Мусандра и Пелистер.  Во женска конкуренцијата титулата и припадна на екипата на ГТЦ Мусандра.  Одлучено е поради пандемијата да не се одржи традиционалниот куп.