Бизнис
12. March 2018 - 19:40

Преговорите за автопатот Кичево - Охрид во ќорсокак

Проблематизирани преговорите со кинески Синохидро за изградба на автопатот Кичево Охрид. Вицепремориетот Анѓушев откри дека настанал сериозен проблем пред  потпшишување на анексот.

Сега Владата вели дека  е ставена во позиција  да бида помеѓу два зла- првото -  да го раскине договорот., второто,  да го продолжи, но со нови услови, кои се крајно неповолни за дел од македонските компании кои се јавуваат како  подизведувачи

Автопатот Кичево Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 та година и  требаше да биде готов во јаниари годинава Неговата вредност првично се проценуваше на 373 милиони евра. Подоцна, со доаѓањето на власт на  СДСМ откриени се бројни нерегуларности и нерешени имотно правни односи.

За негово довршување, кинезите барале дополнителни 145 милиони евра. Владата најави дека рокот за изградба ќе се пролонгира за  уште три години , но се уште се  чека да се потпишат двата анекс договори за продлолжување на рокот  за градба и за дополнителната сума која треба да им се исплати.