Loading Video...
Свет
9. December 2025 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Во преговорите за можно мировно решение, Украина и натаму одбива да отстапи територии на Русија. Зеленски истакна дека  ке предложи  нов мировен предлог на ТРамп  со цел  да се избегнат какви било територијални отстапки што ги бара Русија. Немаме никово право на тоа - ниту според законот на Украина, ниту според нашиот Устав, ниту според меѓународното право, да бидеме искрени“, изјави укрианскиот лидер .

Зеленски е под зголемен притисок од САД да се согласи на значајни територијални компромоси и други отстпаки како дел од предлогот на Трамп за прекин на војната во Русија. 

Најмалку 30 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала  што синоќа ја погоди североисточна Јапонија.  Илјадници луѓе ги напуштија домовите поради предупредувањето за цунами кое подоцна беше повлечено. Дел од железниците се прекинати а околу 3000 домови се без електрична енергија. Јапонскаат влада соопшти дека сеуште се проценуваат штетити со потресот. Епицентарот бил во ПАцификот, на околу 80 километри од брегот на Аомори.Надлежните енергетски   власти соопштија дека нема неправилности во нуклеарните централи, вклучително и во Фокушима.   Во меѓувреме Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за можни посилни последователни потреси во наредните денови и ги повика жителите да останат внимателни. 

Австралија влегува во историјата како прва земја во светот која воведува задолжителна минимална возраст за користење на социјалните мрежи., Законот  им забранува  на децата под 16 години да поседуваат или креираат профили на  десет платофми, мегу кои Фејсбук Инстаграм, ТикТок и Јутјуб. Одговорноста за спроведување на забраната е целосно на технолошките компании, додека децата и родителите нема да бидат казнети .Мерката  има за цел да ги заштити младите луѓе од штетна содржина, онлајн злоупотреба, сајбер малтретирање и „предаторски алгоритми“, вели владата

Мерката доби силна поддршка од родителски организации и активисти за заштита на децата, кои ја сметаат за неопходен чекор за заштита на најмладите од штетни содржини и онлајн ризици. Од друга страна, технолошките компании и застапниците за слобода на говорот ја критикуваат мерката како претерано рестриктивна.