Македонија
31. March 2020 - 11:36

Предложени казни за двајца кумановци од по 1.000 евра, се движеле низ градот за време на полициски час

Двајца кумановци се предложени од Основното јавно обвинителство Куманово за казна од по 1.000 евра за движење низ градот за време на полициски час, со што сториле кривично дело, односно не постапувале според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопшти ЈО, обвинетите  на 25 март 2020 година за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Македонија.