Македонија
11. July 2020 - 17:04

Предизборни активности на политичките партии

Кандидатите за пратеници преку  најразлични теренски активности  се обидуваат  да ги освојат  гласовите на граѓаните.  Интегра вчера од Велес посочи дека партијата има план како да го врати македонското национално единство.

Граѓанската  демократска унија ќе се залага за намалување на ДДВ од 18 до најмногу  12 процнети, а со една третина од вкупните приходи од данокот на додадена вредност да се помогне финансисрањето на општините.

Македонски концепт ќе се обиде за зголемување на продуктивноста во сите индустриски гранки во земјава.

Алисјанса на албанците ќе се  бори за поголема вклученост на жените во политиката.

Предизборната кампања завршува утре на полноќ.