Бизнис
20. October 2017 - 8:51

Предавање за словенечките искуства со дигиталната крипто валута „биткоин“

Предавање за имплементирањето на дигиталната крипто валута „биткоин“ во традиционалниот АТМ систем во Словенија ќе се одржи денеска во Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Теми на предавањето се биткоинот наспроти традиционалните валути, претприемачките банки наспроти традиционалните банки и биткоинот во интернационалниот финансиски сектор и јавноста.

Предавањето ќе го одржи Јака Вадњал, претседател на управниот одбор на „LON Saving House“ од Словенија и вонреден професор на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.