Македонија
25. February 2021 - 19:58

Пратенички прашања: Бегството и враќањето на Мијалков главна тема

Централна тема на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања - бегството и враќањето на поранешниот шеф на УБК, Мијалков. Опозицијата целиот случај го нарече циркус договорен меѓу власта и бегалецот поради што оставка треба да си поднесат Спасовски, Маричиќ и Заев. Министерот за внатрешни одговори дека не постои никаков договор со Мијалков.

- А, на крај од овој циркус да разбереме дека Заев преку закани на семејството на Мијалков го натерал да се врати од бегство. Овој модус операнти е познат само, и само исклучиво на мафијата. И на никој друг. Дали можеби овде ќе има одговорност? Па вака директно би го прашал министерот Спасовски, со кого мислите министре дека  се поигрувате? Кого мислите дека правите будала? Нас, опозицијата? Македонскиот народ? Со кого мислите дека се играте“, запраша Јанушев.

Премиерот Заев  како резултат на успешноста на досегашните реформи во правосудството го посочи судското финиширање на  случајот Мијалков . Правда , а не политика Заев гледа и во судската разрешница на Монструм,  одговарајки на тврдењата на пратеникот од Алтерннтива  Реџепи дека власта извршила притисок во процесот, ставајки зад решетки невини луге.

И ако на кој било начин подгревано, неосновано, ставајќи го самиот систем под прашалник моја должност е да прашам, зошто таа година кога бевме заедно не направивте нешто со мене, затоа што не е наша работа, ниту тогаш ваша, ниту сега наша, ниту тогаш наша. Тоа е работа на јавно обвинителство и судот. Дефинитивно мора да знаеме дека политичарите треба да ги тргнат рацете и од судството и обвинителството. Таму течат процесите.

Опозицијата го обвини министерот за здравство за фијаското во набавката на вакцините против Ковид. Филипче пак со одговор дека проблемот е глобален и дека со дефицитот на вакцини се соочуваат и богатите и големи држави.

Премиерот Заев од собраниската говорница порача дека македонската економија е стабилна и очекува во втората половина на годинава таа да се врати во нормала. Најави и нови инвестиции.

Во моментот се преговара со девет нови странски компании. Фабриката за кабли во Неготино е купена од турска компанија, а „Дрекслермаер” е пред одлука за нова инвестиција со нови 2000 вработувања, додека „Кромберт и Шуберт” имаат целосно нова линија за мерцедес со што ќе се ангажираат дополнителни 1.600 работници и најверојатно се пред одлука за отворање на втора фабрика во земјава.

На прашањата за престоечкиот  попис, министерот за правда Маричиќ посочи дека тој ќе биде спроведен согласно регулативите на ЕУ. Тој соопшти дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани меѓу кои и на дијаспората.