Прашањето за името на агендата разговори на Ципрас во Брисел
Отворените прашања во грчката надворешна политика, односно спорот за името, грчко - турските односи и кипарското прашање, се дел од агендата на грчкиот премиер на средбите и активностите што ќе ги има во Брисел за време на Самитот на ЕУ.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Алексис Ципрас, ќе се осврне на позициите на Грција за европската перспектива на Западен Балкан и за преговорите на Атина со Скопје и Тирана.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот премиер за спорот со името ќе разговара и на неговите средби со европските лидери.
- За време на Самитот, господинот Ципрас се очекува да има контакти со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со германската канцеларка Ангела Меркел, со претседателот на Франција Емануел Макрон и со премиерката на Велик Британија, Тереза Меј, со кои ќе разговара за Турција, Кипар и за името на ПЈРМ, пишува грчката новинска агенција, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК