Loading Video...
Фудбал
24. јуни 2021 - 9:58

Познати двојките за осминафиналето на ЕП

На Европското фудбалско првенство денеска е првиот од двата слободни дена. 
 
По комплетирањето на 3.коло од групната фаза и тоа со дуелите од така-наречената „група на смртта“, познати се сите 16.селекции кои ќе ги продолжат натпреварите во нокаут-фазата 
 
Без изненадувања има групната фаза, па фаворитите изборија пласман во осминафиналето. Интересно е да напоменеме дека од групата во која настапи македонската селекција останатите три репрезентации се вброија меѓу шеснаесетте најдобри. 
 
Три натпревари ќе привлечат особено внимание во првата елиминациска фаза. Во недела во Севиља ќе се сретнат Белгија која беше доминантна во својата група и актуелниот европски шампион Португалија. 
 
Ден подоцна во Копенхаген,  на мегдан ќе бидат репрезентациите на Хрватска и Шпанија, но сепак според традицијата дербито од осминафиналето ќе се игра на „Вембли“ во Лондон каде на 29 јуни (вторик) ќе играат Англија и Германија.
 
1/8 ФИНАЛЕ
 
26 јуни - сабота
ВЕЛС - ДАНСКА (Амстердам)
ИТАЛИЈА - АВСТРИЈА (Лондон)
 
27 јуни – недела 
ХОЛАНДИЈА - ЧЕШКА (Будимпешта)
БЕЛГИЈА - ПОРТУГАЛИЈА (Севиља)
 
28 јуни - понеделник
ХРВАТСКА - ШПАНИЈА (Копенхаген)
ФРАНЦИЈА - ШВАЈЦАРИЈА (Букурешт)
 
29 јуни – вторник 
АНГЛИЈА - ГЕРМАНИЈА (Лондон)
ШВЕДСКА - УКРАИНА (Глазгов)
 
Сите натпревари ќе се играат во термините од 18 и 21 часот
 
1/4 ФИНАЛЕ 
2 јули – сабота 
Белгија / Португалија - Италија / Австрија (Минхен)
Франција / Швајцарија - Хрватска / Шпанија (Санкт Петербург)
3 јули - недела
Шведска / Украина - Англија / Германија (Рим)
Холандија / Чешка - Велс / Данска (Баку)