Loading Video...
Кошарка
17. September 2021 - 15:26

Познат распоредот во АБА2 лигата: Пелистер и МЗТ Скопје ќе играат во третата рунда во Осјек

Македонското дерби меѓу МЗТ Скопје А и Пелистер од регионална кошаркарска АБА2 лига, ќе се игра во Осјек во рамките од вториот турнир.
 
АБА лигата денеска го објави распоредот за новата сезона во второлигашката конкуренција во која и годинава ќе се игра во таканарешени „балон турнири“, а ќе ги има на број пет во кој екипите ќе одиграат по 13 натпревари по што осумте најдобро рангирани ќе играат во плејофот. 
 
На првиот турнир во Златибор од 10 до 14 октомври, МЗТ Скопје ќе игра против Младост и Рогашка, додека Пелистер ќе дебитира против Ловќен, а потоа ќе игра против Сутјеска.
 
Македонското дерби е на вториот турнир во Осјек што ќе се одржи од 8-12 ноември. 
На следните три и тоа во Сараево (13-19 декември), Бања Лука (17-23 јануари) и Широки Брег (21-27 март), ќе се играат по три натпревари.
 
 
 
1. коло  МЗТ Скопје – Младост Земун и Ловќен – Пелистер   Златибор (10-14 октомври)
2. коло  Рогашка – МЗТ Скопје и Пелистер - Сутјеска
3. коло  МЗТ Скопје – Пелистер                                               Осијек (8-12 ноември) 
4. коло  Осијек – МЗТ Скопје и Пелистер - Војводина
5. коло  МЗТ Скопје – Хелиос и Широки – Пелистер                Сараево (13-19 декември)
6. коло  Спарс – МЗТ Скопје и Пелистер – Борац БЛ
7. коло  МЗТ Скопје – Ловќен и Златибор - Пелистер
8. коло  Пелистер – Младост и Сутјеска – МЗТ Скопје            Бања Лука (17-23 јануари)
9. коло  МЗТ Скопје – Подгорица  и Рогашка - Пелистер
10.коло  Подгорица – Пелистер   и МЗТ Скопје - Војводина
11.коло  Широки – МЗТ Скопје и Пелистер – Осијек                Широки Брег (21-27 март).
12.коло  Хелиос – Пелистер и МЗТ Скопје – Борац БЛ
13.коло  Златибор – МЗТ Скопје и Пелистер - Спарс