Македонија
28. October 2020 - 10:48

Пожарникарите повторно на протест

Пожарникарите трет ден на протест. Не се откажуваат од своите барања град Скопје да им го исплаќа надоместокот за опасност при работа, наместо правда да бараат на суд. Велат дека во однос на овој проблем градоначалникот на град Скопје се уште не им одговорил на писменото барања. Најавија дека ќе превземат посериозни чекори. Протестите продолжија по вчерашната тензична средба на која не беше постигнат договор меѓу градоналаникот Шилегов и пожарникарите.

Елена Милошевска