Македонија
8. December 2019 - 13:58

Пожар во стан на „Рузвелтова“, противпожарните екипи на терен

Попладнево изби пожар во стан на петтиот кат во зграда на „Рузвелтова“ во Скопје, дознава Сител.

Од Противпожарната единица - Скопје велат дека во моментот се интервенира на пожар во стан на 5. кат.

Интервенираат околу 15 пожарникари со 5 возила.

На терен се присутни и две возила на итната помош.

 

Мирјана Јовеска