Македонија
9. April 2020 - 16:55

Пожар во куќа во Кавадарци

Пожар изби попладнево во спрат од двокатна куќа на улицата ,,Вардарска” во Кавадарци. За среќа, повредени нема, а среќна околност е и тоа што пламените јазици не го зафатиле и горниот кат од куќата и околните објекти.

Од Територијалната противпожарна единица интервенирале на лице место и велат дека пожарот предизвикал материјална штета чија висина дополнително ќе се утврдува.

-Апелираме до кавадарчани и росоманци да бидат крајно внимателни, се со цел превентивно да се влијае да нема појава на пожари, велат од Територијалната противпожарна единица за МИА